Недела, Април 20, 2014

ПРЕСПАНСКИ АБЕР

Преспански Крст

Каде на Одмор ова лето?!

Во пресрет на летото ви нудиме неколку совети за најпознатите туристички дестинации во соседството, каде што голем број граѓани ќе одлучат да ги поминат годишните одмори. Секоја земја нуди различни понуди, поинаква забава, шаренило на цени и сосема поинакви правила за патување, кои секој ќе треба да ги почитува доколку не сака ригорозните казни да го удрат по семејниот џеб.

 

 

 

Туристички агенции со атрактивни понуди

http://www.arbotravel.com/

http://www.ta-safari.com/

http://guliver.mk/index.php

http://www.savana.com.mk/

http://travel.net.mk/

http://www.blueadria.com/mk/

http://www.fibula.com.mk/

http://www.magelantravel.com.mk/

http://www.iguana.com.mk/

http://www.atlantis.com.mk/

http://atlantikturs.com/

http://www.crvoexpress.com.mk/

http://www.arka.com.mk/

http://www.martintravel.com.mk/

 

ХРВАТСКА

Хрватското Приморје секоја година е меѓу поатрактивните дестинации за туристите, кои уживаат во пријатната клима, одличната храна и благодатите на многубројните острови, кои се посетувани во текот на целата година. 

Посетителите годинава ќе бидат пречекани на Јадранот со слични цени како минатогодишните. Па така кафето на Хрватското Приморје чини 1,5 евро, соковите до две евра, но туристите требаат да имаат предвид дека на Страдун во Дубровник, на сплитската ривиера или на островите цените некогаш се неколкупати поголеми. Што се однесува до билетите за траектите и бродовите, хрватските медиуми пресметале дека за четиричлено семејство и автомобил за траект за Ластово треба да се плати 230 евра, што е повеќе од цената на седумдневен предсезонски аранжман во Грција или во Тунис.

Најголем дел од Хрватска е поврзан со добра патна мрежа. Доколку патувате со автобус, повратна карта од Скопје до Загреб чини 6.250 денари. Од српско-хрватската граница до Загреб, патарината за автомобили чини околу 14 евра. До Риека, Задар и до Сплит вкупната цена на патарината е околу 30 евра.

Се апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, бидејќи казните се многу високи и ригорозни. Па така, за пречекорување на брзината во зоната околу населените места се плаќа од 40 до 135 евра. Возењето без сигурносен ремен може да ве чини околу 70 евра казна, колку што изнесува и казната за користење мобилен телефон за време на возењето или, пак, немање седиште за деца во автомобилот. Поминувањето на црвено светло ќе ве чини 135 евра. 

Граѓаните особено треба да внимаваат при внесување антидепресиви и други средства за смирување при патување во Хрватска. Граничните служби често знаат да изречат парични казни за оние што поседуваат „бенседин“ или други лекови за смирување во својата чанта без соодветни документи дека станува збор за препишана терапија. 

Во Хрватска се плаќа со куни, но според некои најави, годинава на угостителите и на трговците ќе им биде дозволено во периодот кога не работат менувачниците, туристите да можат да платат и со странски валути. 

БУГАРИЈА

Бугарија и оваа сезона очекува масовна посета на туристи од земјава и од околните држави кои ќе се одлучат летниот одмор да го поминат на брегот на Црното Море. Најпосетувани дестинации се Бургас, Созопол, Несебар, Поморје, Сончев Брег, Варна, Каварна, Китен, како и воздушната бања Велинград. 

Покрај можноста да престојуваат во хотелските комплекси, годишноодморците можат да најдат и приватно сместување во сите познати туристички места. Сместување во Варна за една вечер може да се најде по цена од 2,5 до 7,5 евра.

Доколку патувате кон Црно Море со автобус, тогаш повратна карта од Скопје до Софија ќе ве чини 1.850 денари. Бугарија е членка на ЕУ и посебно е потребно да се води сметка за правилата на сообраќајот, а тоа значи обврска на граничните премини да се покаже зелен картон, сообраќајна дозвола и пасош, потоа да купи вињета и да плати патарина.

Максимална дозволена брзина на бугарските автопатишта е 130 километри, а од Софија до Варна има 500 километри и овие градови во поголем дел се поврзани со автопат.

ГРЦИЈА 

Ако за време на вашиот престој во Грција не избие ниту еден штрајк, речиси и да нема за што да се грижите. Доколку доколку сепак наидете на штрајк во Солун или Атина, без голема паника, само оддалечете се од центарот на градот и не се нервирајте, овие работи се непредвидливи, но не треба и да ви го расипат годишниот одмор. 

Патувате низ Грција со автомобил? Следете ги сообраќајните правила затоа што иако грчките автопати можеби изгледаат пусти, никогаш не може да предвидите кога ќе има сообраќајна контрола. Возете во нормални граници, особено во туристичките места каде што полицијата понекогаш демне и зад грмушки. Дозволената брзина на автопат е обично 130, додека, пак, на обичен пат до 90, а низ туристичките места не е повисока од 50 км/час. Доколку ја надминете брзината од 150 км/час и имате таква среќа да ве застане полиција, казната е 350 евра и итно одземање на возачката дозвола за 60 дена. Внимавајте каде паркирате, бидејќи за одредени места се плаќа паркирањето од час, слично како и на платениот градски паркинг во Скопје. Ако ви се случи поради погрешно паркирање да останете без една регистарска табличка, олеснителна околност е што за разлика од Грците, не мора да чекате две недели, туку како странци ги добивате веднаш, но ќе мора да платите двојно поскапа казна од пропишаната. 

Следната патна замка доколку патувате со сопствено возило низ Грција до островите се патарините. Оние што се одлучиле за Лефкада или за другите острови во Јонско Море може да воздивнат затоа што на патот нема патарини. Слична е и ситуацијата на Халкидики. Но, ако одите од Скопје кон Атина и потоа на некој остров, бидете подготвени да одвоите 50 евра - 25 евра за секоја насока за патарините. 

Да не заборавиме дека цената на горивото во Грција е многу повисока од онаа во Македонија, па затоа топла препорака е да го наполните резервоарот пред да ја преминете границата. Цените се движат од 1.67 до 1.80 на бензинските и на копно и на островите. 

Гламурозноста на островот или плажата обично ги диктира цените за кафе или за пијалок на островот. На голем дел од островите влезот на плажите е бесплатен, а плаќате од 3 до 8 евра за лежалка и чадор. Оние кои се со платен влез очекувајте цени од 5-10 евра, со вклучени лежалка и чадор. Бесплатен е влезот на плажите на Лефкада и на Санторини, освен за одредени две-три плажи каде што плаќате 5 евра за превоз со мало бротче, бидејќи плажите се недостапни по копнен пат. Влез не се плаќа ни на плажите на Халкидики. Цените на кафето се движат од 2,5 до 4 евра, пивото од 3 до 5 евра, додека, пак, за алкохолните пијалаци цените се од 5 до 8 евра. Највисока цена имаат коктелите чија цена достигнува и до 15 евра. Ако сте на остров без сопствено возило, може да изнајмите класична веспа или моторче на четири тркала за да може полесно да се движите околу островот. Цените за изнајмување веспа се движат од 40 до 100 евра за три-четири дена, додека, пак, за моторите на четири тркала цените се од 100 до 150 евра за 4 дена. Задолжителни документи за најмување се пасош и возачка дозвола.

Слободното кампување е законски забрането во Грција, но како и секој друг закон, не е многу почитуван од самите грчки граѓани. Оние што не сакаат да се ограничат на хотелска соба може да размислат за организиран кампинг, кој со сигурност ви гарантира добро дружење, бидејќи голем дел од младите во Грција се одлучуваат на кампување со шаторчиња ако не за повеќе, барем за три-четири дена. Најпопуларниот камп за млади и главното збирно место за популарните летни журки на Халкидики е кампот „Арменистис“ на вториот крак. 



АЛБАНИЈА

Албанската влада и туроператорите во пресрет на сезоната реализираа многубројни активности во насока на презентирање на албанската туристичка понуда за летото 2011. Како најдобри туристички дестинации за оваа лето се понудени Драч, Шенгин, Велипоја, Валона, Саранда итн. 

Во Албанија македонските државјани патуваат без визи. Најчесто  се патува  преку граничниот премин ,Ќафасан кај  Струга поради добрата патна мрежа која води кон главниот град Тирана, а потоа и кон сите туристички центри. Поради лошите услови на патот, најчесто треба да се избегнува патниот правец Елбасан - Тирана преку преслапот Краба. Во Албанија се патува до туристичките дестинации и преку граничните премини Тушемиште кај Охрид и Блато кај Дебар. 

Албанската полиција и оваа лето има добиено препорака за внимателно однесување кон туристите, со задолжение да им помага полесно да се снајдат на патот кон туристичките центри. 

На патите правци во Албанија не се наплатува патарина, а во најголем дел патната инфраструктура е многу подобра во споредба со минатите години. Поради  санација и доградба на одредени патишта, и во северниот и во јужниот дел од земјата, има потреба од внимателно возење, но на таквите делници има доволно патокази и сообраќајни знаци. 

Цена на просечно сместување во хотелите по должината на албанското крајбрежје е 20-30 евра за ноќевање за едно лице со појадок. Но, најчесто поради големата понуда на апартмани во минихотели и во приватни куќи, сместувањето покрај море чини од 20 до 25 евра за апартман. На северот на Албанија во Велипоја, апартман со четири легла се издава за само 15 евра, додека на југот во Саранда  за околу 30 евра. 

Цените на прехранбените артикли, но и на пијалаците се слични како и во Македонија. Едно кафе во туристичките дестинации чини половина евро, пивото е околу едно евро, а исто толку чинат и сендивичите. Во ноќните клубови и во кафулиња во туристичките центри и во Тирана цените се двојно повисоки.

превземено од Утрински Весник

 



Сподели:Кајмако.отGoogleКрт.отYahoo blogmarksredditdiggDel.icio.us

Преспа

Голем град

Што најмногу треба да се превземе за подобар откуп на јаболката?

HPIM1207 sliki noken zivot 3 sliki31 HPIM1204 HPIM1194 HPIM1214 HPIM1205 HPIM1208 HPIM1200 HPIM1212
Без претходно одобрение од prespanews забрането е користење на делови или во целост статии од порталот